-
Прва помош кај стомачни грчеви кај бебињатa.
Го олеснува вашиот и животот на вашето бебе.
-
СТОП за болките во стомачето.
Отстранува болки во стомачето, грчеви, гасови и дијареа кои настануваат заради несварена лактоза.
-
Полесен живот за вас и вашето бебе.
Содржи природен ензим лактаза кој е неопходен за правилно варење на лактозата.
Стомачни грчеви кај бебиња / Инфантилни колики
Инфантилни колики се јавуват кај околу 20-25 % од бебињата, момчињата и девојчињата, особено на возраст од 2-3 месеци. Тоа е непријатен период,не само за бебињата кои плачат интензивно со часови, поради болки во стомакот, туку овој период е многу напорен и за нивните мамички.
Дефиниција
Инфантилните колики/ грчеви кај бебињата се пропратени со налети на плач, особено кај бебињата во првите неколку недели од животот, без било каква особена причина, а плачот трае обично повеќе од 3 часа дневно, најмалку 3-4 пати неделно, во текот на денот или ноќта.Стомачните болки кои се повторуваат се проблем и тоа не само кај доенчињата, туку и кај деца во предучилишна и училишна возраст.
Причинители за грчеви кај бебињата
Инфантилните колики или детски грчеви може да имаат различни причинители, а често тие причинители не можат да се одредат. Тие можат да бидат поврзани со храната и начинот на исхрана, на бебето како и на мајката, можат да бидат органски болести (пр.паразити), но и психо-социјални фактори (како на пр. напнатост помеѓу мајка и детето,анксиозност кај мајката итн.) Во поголемиот број од случаите е интолеранција на лактоза потврдена како причинител на грчеви. Утврдено е дека децата со грчеви имаат поразлична цревна флора, па поради тоа имаат додатни тегоби. Многу деца со грчеви истотака патат од гастроезофагеален рефлукс кој може да биде поврзан со подуеност на стомакот. Зголемен ризик за настанување на грчеви кај бебето постои доколку мајката пушела во текот на бременоста или е под голем стрес.
Дијагноза
Најважна мерка за откривање на причинителите на коликите е детално и целно испитување на родителите (особено мајката ) кое се однесува на тегобите на бебето. Ултразвучен скрининг се користи како би се исклучиле малформации на гастроинтестиналниот тракт или гастроезофагеален рефлукс. При сомнеж за грчеви кај бебето,мајката треба да се обрати кај педијатар кој ќе земе целосна анамнеза.
Терапија на грчеви кај бебињата
Врз основа на прегледот, педијатарот ќе препорача соодветен третман и режим на исхрана, или ќе препорача дополнителни испитувања. Во случај кога бебето е преосетливо на некои компоненти од мајчиното млеко, се препорачува мајката да исфрли од својата исхрана зеленчук кој може да доведе до грчеви (како што е карфиол, брокула, кромид итн.) или јака алергена храна како јајца, соја итн. Истотака се препорачува избегнување на млеко и млечни производи на некое време во исхраната на мајката. Кај лактозна интолеранција истотака може да помогне употреба на млеко без лактоза или додатоци во исхраната кои ја помагаат хидролизата на лактозата во млекото, како на пример додатокот во исхрана ColiPrev®, кој содржи ензим лактаза.После 3 до 6 месеци, кај поголемиот број од дечињата грчевите исчезнуваат.
Профилакса
Спречувањето на грчеви кај бебињата би требало да биде насочено кон повеќе причинители.Нежен и урамнотежен однос помеѓу мајката и бебето е од суштинска важност и покрај правилната исхрана претставува најдобра превенција.