ColiPrev ®

Додаток во исхрана

Додаток на ензим лактаза, 15ml во капки

Безбеден за употреба од првиот ден на животот на бебето

  1. ПОМАЛКУ ПЛАЧЕЊЕ...
  2. ПОВЕЌЕ МИР

ИНФАНТИЛНИ КОЛИКИ – ПРОБЛЕМ

Околу 20-25 % од бебињата имаат силно изразени грчеви во стомакот. Инфантилни колики односно грчеви обично се карактеризираат со епизоди на иритабилност , агитација и плач. Бебето со колики плаче интензивно, може да поцрвене и има тенденција да ги свиткува нозете кон стомачето. Бебињата кои плачат повеќе од три часа дневно, три или четири дена неделно,најверојатно имаат инфантилни колики. Инфантилните колики во потполност ја менуваат рутината на семејниот живот, ситуацијата станува исклучително мачна и тешка за родителите, затоа што бебето плаче со часови и ништо не може да го смири.

ДИЈАГНОЗА

  • Колики се јавуваат кај бебиња од 15 дена до 3-4 месечна возраст.
  • Бебињата обично интензивно плачат 2 до 3 часа и е тешко да се смират.
  • Бебињата плачат скоро во исто време од денот, еднаш или двапати дневно,обично касно попладне и приквечер.
  • Бебињата ги свиткуваат нозете кон телото и стегаат тупаници.

По правило бебињата често имаат гасови, а понекогаш може да имаат и опстипација.

ГЛАВНИ ПРИЧИНИТЕЛИ

До колики во голема мера доведува цревната „незрелост„ , а додатно ги влошува голтањето на воздух во текот на цицањето, одреден вид на храна која ја конзумира мајката, како и вознемиреност и стрес.

ЛАКТОЗНА ИНТОЛЕРАНЦИЈА

Лактозата е главен шеќер во секое млеко,составена од две молекули: глукоза и галактоза. За да може овие молекули да се апсорбираат во тенкото црево, мора претходно да се раздвојат (хидролизираат) со ензимот познат како лактаза, кој се создава во цревните ресички.

Кога има недостаток на овој ензим или има негова недоволна репродукција, лактозата не се хидролизира, што резултира со интолеранција на лактозата.

Интолеранција на лактоза е чест проблем и обично е минлива оваа состојба на намалена продукција на лактаза, во првите неколку месеци од животот на бебињата. Со растот и развојот на организмот почнува да се произведува доволна количина лактаза, при што поефикасно се вари внесената лактоза и тоа обично се случува во 3-4 месец од животот на бебето.

Недоволно производство на лактаза обично се појавува во првите неколку недели од животот и тоа доведува до неадекватно варење на лактозата. Под дејство на постоечки бактерии во цревата несварената лактоза почнува да ферментира што резултира со создавање на гасови. Ова понатаму доведува до зголемена надуеност во стомакот и флатуленција, што може да се заклучи ако бебето има многу тврдо стомаче.

Оваа зголемена ферментативна активност може да предизвика пореметување во перисталтичките движења во цревата, и настанување на грчеви. Често е можно да се слушнат звуци произведени во бебешкото стомаче.

Подоцна, притисокот кој го предизвикуваат лактозата и млечната киселина доведува до рефлукс на вода, што резултира со надуеност во стомачето и кисела дијареа. Во цревата, промените во осмотскиот притисок доведуваат до загуба на течности. Доколку течноста не се надополни може да дојде до дехидратација на организмот на доенчето.

РЕШЕНИЕ

Ако мајката го дои бебето, мора да ги намали дури и да ги елиминира од исхраната намирниците кои може да ја предизвикаат или влошат инфантилната колика,како што се: карфиол, брокула, прокељ, крставица, кромид, лук, црвена пиперка, кафе и многу зачинета исхрана.

Мајката мора да го дои своето дете правилно, во мирно и пријатно опкружување.

Доколку инфантилната колика е предизвикана од недоволна продукција на лактаза, непријатноста исчезнува или значително се намалува по употребата на споменатиот ензим односно COLIPREV®.

Предвремено родените бебиња кои се родени со мала тежина се повеќе склони кон настанување на вакви грчеви и кај нив може да помине повеќе време додека не бидат во состојба да ја толерираат лактозата, со оглед на тоа што оваа појава зависи во голема мерка од развојот на цревата и цревната флора.

Карактеристики на ColiPrev®

  • Високо активен ензим лактаза, екстрахиран од габата Aspergillus orizae;
  • Aspergillus orizae е стабилен и биолошки активен извор на лактаза;
  • Со 15ml можат да се подготват околу 38 оброци со препорачаната просечна доза од 8 капки во оброк.

ЗОШТО COLIPREV®?

Затоа што ензимот лактаза ја олеснува хидролизата на лактоза во млекото. На овој начин COLIPREV® може да се користи со мајчиното млеко или со адаптирана формула доколку мајката не дои од било која причина.

СТАНДАРДИ НА ПРАВИЛНА УПОТРЕБА

Кога да се користи ColiPrev®?

COLIPREV® се користи кога и да го храните бебето, во тек на првите 3-4 месеци, се до времето кога лактазата произведена во цревата е во доволна количина и почнува да влијае на лактозата. После овој период COLIPREV® треба постепено да се прекине.

Се предложува дозата назначена по оброк постепено да се намали на пола, потоа наизменично помеѓу оброци,се додека се сведе на еднаш дневно, пред COLIPREV® целосно да се исклучи од употреба. Ако во тек на исклучувањето на COLIPREV® коликите се вратат, се препорачува да се повтори почетната шема.

КАКО ДА СЕ УПОТРЕБУВА COLIPREV®?

Со мајчино млеко:

  • Ставете го препорачаниот број капки во претходно стерилизирана лажичка и ставете ги директно во устата на бебето, пратејќи го упатството од табелата за дозирање на бројот на капки по оброк, во зависност од возраста на бебето.
  • Продолжете со доење како и обично.

Со адаптирана формула :

  • Внимателно подгответе ја адаптираната млечна формула, според упатството на производителот.
  • Додајте COLIPREV® капки во умерено загреана формула според табелата за дозирање.
  • Фрлете ја формулата која останала по хранењето.

Во случај кога подготовката на храната за бебето се врши однапред, додадете 4 капки COLIPREV® во млечната формула и така подготвената храна чувајте ја до 4 часа во фрижидер.

Табелата за дозирање е индикативна. Во исклучителни случаи , доколку бебето има многу силни грчеви,употребата на COLIPREV може постепено да се зголеми, капка по капка.

ПРЕПОРАЧАН ДНЕВЕН ВНЕС ПО ОБРОК

МАЈЧИНО МЛЕКО

Возраст Број капки по оброк Количина на лактаза по оброк (ALU)
0-2 недели 7-8 капки 854-976 ALU
3-4 недели 8-9 капки 976-1098 ALU
1-2 месеци 9-11 капки 1098-1342 ALU
2-3 месеци 11-14 капки 1342-1708 ALU
3-4 месеци 12-15 капки 1464-1830 ALU
>4месеци 14-17 капки 1708-2074 ALU

АДАПТИРАНА ФОРМУЛА ЗА НОВОРОДЕНЧИЊА

Количество млеко Број капки по оброк Количина на лактаза по оброк (ALU)
60 ml 6-7 капки 732-854 ALU
90 ml 6-10 капки 732-1220 ALU
120 ml 7-14 капки 854-1708 ALU
150 ml 10-17 капки 1220-2074 ALU
180 ml 11-20 капки 1342-2440 ALU
> 180 ml 15-25 капки 1830-3050 ALU

1 ALU=0,333µL

СОСТАВ

Малтоза; Вода; Сахароза; Малтодекстрин; Лактаза 1,57 %; Натриум хлорид.

ВАЖНА НАПОМЕНА

  • COLIPREV® е ензим и како таков може да се уништи со топлина.
  • Се препорачува додавањето на COLIPREV® да се врши кога млекото е умерено топло или на собна температура.
  • Да не се додава COLIPREV® во млеко кое е премногу топло или ладно;
  • Ако грчевите продолжуваат и покрај употребата на COLIPREV®, обратете се на лекар.

ЧУВАЊЕ COLIPREV®

  • Tреба да се чува на суво место, во оригинално пакување, на температура пониска од 25°C.
  • Да се избегнува изложување на производот на светлина и топлина.
  • Да се чува подалеку од дофат на деца.
  • Отвореното пакување кое не се искористило во период од 3 недели,треба да се фрли.
  • Да не се користи по истек на рокот означен на оригиналното пакување на производот.

Производител:
Neosanté Health Solutions S.A., Avenida Tomas Ribeiro 43, Edificio Neopark, OB, 2790-221, Carnaxide, Portugalijafarma-Laboratorio de Produtos Farmaceuticos e Nutraceuticos, S.A., Felgueira, Sobral Mortdgua, 3450-336, Portugalija.