ColiPrev®
Португалската фирма NEOSANTÈ HEALTH SOLUTIONS S.A. е фармацевтска компанија која произведува иновативни производи и висококвалитетни производи кои овозможуваат да се подобри квалитетот на живот на луѓето во целиот свет.
Celsis работи особено во областа педијатрија, со нагласок на исхрана за доенчиња и OTC производи. Еден од оригиналните производи е додатокот во исхрана кој содржи ензим лактаза – ColiPrev®, во облик на капки. На пазарот во Македонија се наоѓа како пакување од 15 ml кое го увезува фирмата VIVAX Pharmaceuticals.
Модерна рекомбинантна технологија
ColiPrev® е биотехнолошки производ, произведен со GMP сертифицирано производство. GMP сертификат имаат само производители кои се ускладени со строги услови на добра производствена пракса. Тоа е документ со кој се потврдува дека производителот ги задоволува строгите критериуми кои се применуваат при производство и контрола на лекови, медицински средства или додатоци на исхрана. Се бираат само квалитетни и верификувани производители на фармаколошки активни супстанци, воглавно од растително потекло. Овие активни супстанци дополнително се проверуваат во сопствени лаборатории, гарантирајќи ги својствата во склад со текстот на пакувањето на финалниот производ. Со други зборови, GMP серификатот гарантира дека додатокот во исхрана кој сте го избрале е произведен во строго контролирани услови за производство и дека производот не може да биде контаминиран на било кој начин.
Природен препарат
ColiPrev® се состои само од природни состојки,ензимот лактаза е неговата главна компонента.
Состав: 56,9 % лактаза, 25 % глицерол, 17,2 % вода, 0,9 % стабилизатор- Калиум хлорид.
Ензим лактаза
Високо активен ензим лактаза кој е екстрахиран од габата Aspergillus orizae кој е извор на биолошки активна лактаза, стабилна дури и во pH средина на желудочната киселина.
Зошто ColiPrev®?
Употреба на ензимот лактаза кој се наоѓа во додатокот на исхрана ColiPrev®, е поддржана од неколку клинички студии кои покажуваат минлив недостаток на лактазата, како можен предизвикувач на грчеви кај бебињата, при што се јавува потешкотија на дигестивниот систем да ја свари лактозата.
Лактазата е природен ензим кој се наоѓа во тенкото црево. Овој ензим помага за варење на лактозата која е главен шеќер во секое млеко. Лактазата врши хидролиза на лактозата – ја дели на два прости шеќери - глукоза и галактоза, па потоа овие прости јаглени хидрати се апсорбираат лесно во цревата. Бидејќи млекото е фундаментален дел од исхраната на бебињата , а многу бебиња привремено патат од недоволно производство на ензимот лактаза, се јавувува спомнатата интолеранција на лактоза, која е поврзана со инфантилни колики, односно грчеви кај бебиња. Несварената лактоза која поминува низ цревата предизвикува напнатост, грчеви во стомакот и пролив. Додавање на ензимот лактаза во млекото ги спречува овие симптоми, па доколку грчевите кај бебето се предизвикани од недоволно создавање на лактаза, тие значително ќе се намалат или ќе престанат веднаш, по додавањето на додатокот на исхрана ColiPrev® во млекото или млечната формула.
Препорачано дозирање
Кога мајката дои – пред доењето, адекватна количина на капки се капнува во чиста или претходно стерилизирана лажичка и се дава дирекно во устата на детето (пратете ги упатствата од табелата за дозирање во пакувањето).
Кога се користи адаптирана формула – адекватна количина капки (според упатството од табелата за дозирање) капнете ги во веќе приготвената млечна формула.
ColiPrev® треба да се користи исклучиво при хранење на детето, особено во првите 3-4 месеци од животот, во време кога количината на лактазата која се произведува во дигестивниот систем на бебето не е доволна.
Погледни го упатството за употреба.